ЗОШТО ЈА ЗАПОЧНАВМЕ КАМПАЊАТА „ОБЕДИНЕТ БАЛКАН ЗА ЧИСТ ВОЗДУХ“?

Според податоците на Светската здравствена организација, најмалку 13.500 луѓе умираат предвремено секоја година во регионот на Западен Балкан како резултат на загадувањето на воздухот. Западен Балкан стана црна точка на Европа, загрозувајќи нè не само нас, нејзините жители, туку и другите региони на Европа.

Ние, граѓаните на Албанија, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Косово, Северна Македонија и Србија, сме подеднакво изложени на загадување на воздухот, без оглед на возраста, полот, верата, нацијата или јазикот на кој зборуваме. Свесни сме за фактот дека загадениот воздух што го дишеме секој ден нè труе и убива. Тоа доаѓа од електраните и фабриките што користат фосилни горива, индустриски постројки, стари уреди за греење во домаќинствата и сообраќајот. Токсичен облак надвиснува над Западен Балканм, и ние ја плаќаме цената – со нашите животи, нашето здравје, и иднината на нашите деца. Загадувањето предизвикува неплодност, здравствени проблеми и зголемување на трошоците за здравствена заштита во целиот регион.

Ние не се согласуваме со смртта предизвикана од загадување на воздухот, нема да дозволиме нашите деца да растат користејќи инхалатори за астма и нема да плаќаме дополнителни здравствени трошоци поради загадувањето.

Потребата да дишеме чист воздух нè обедини во солидарна борба како дел од кампањата „Обединет Балкан за чист воздух“.

ЦЕЛ НА КАМПАЊАТА

Ние сакаме воздухот што го дишеме на Западен Балкан да биде здрав и чист, без штетни ефекти врз здравјето на луѓето. Ние сакаме здрава животна средина за нас, нашите семејства и соседи

Кампањата „Обединет Балкан за чист воздух“ има само една цел – да ги информира граѓаните на Западен Балкан за причините и последиците од загадувањето на воздухот, како и можните решенија што ќе го подобрат неговиот квалитет. Само информирана личност е мотивирана и подготвена да се вклучи во солидарна борба за чист воздух на нејзината улица, соседство, село или град.

ОПИС НА КАМПАЊАТА

Ние искрено веруваме дека луѓето од Западен Балкан имаат доволен потенцијал, знаење и капацитет да работат заеднички и солидарно, на решавање на прашањето за загадувањето на воздухот. Ние соработуваме со експерти од нашиот регион (лекари, климатолози, генетичари, технолози, пулмолози, претставници на граѓанското општество, итн.) кои активно се справуваат со проблематиката околу загадувањето на воздухот.

Ќе ги адресираме и јавно дебатираме темите како: загадувањето на воздухот и неговите ефекти врз јавното здравје и зголемената смртност; последици врз плодноста; загадување предизвикано од индустријата и големите загадувачи; квалитетот на воздухот и пандемијата КОВИД-19, како и други теми кои можат да им помогнат на граѓаните да се информираат за квалитетот на воздухот. Материјалите создадени за време на кампањата ќе бидат јавно достапни за сите граѓани за понатамошна употреба и дисеминација. Целта зад ова е да се создаде повик за будење за граѓаните во регионот, за тие заеднички да се залагаат за чист воздух на Западен Балкан.

КОИ СМЕ НИЕ?

Ние сме граѓани на Западен Балкан, подготвени да се вклучиме во заедничка, солидарна борба за чист воздух на секоја улица, населба, село и град во нашиот регион. Дејствуваме на целиот Западен Балкан: Албанија, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Косово, Северна Македонија и Србија.

Кампањата „Обединет Балкан за чист воздух“ беше иницирана од Европскиот фонд за Балканот, во партнерство со Правото на градот од Белград (Србија), Институтот за животна средина и територијално управување од Тирана (Албанија), Ekoforum од Зеница и за екологија и Енергија од Тузла (Босна и Херцеговина), Sbunker од Приштина (Косово), AirCare/МојВоздух од Скопје (Северна Македонија) и OZON од Подгорица (Црна Гора). Заедно, ќе ги ставиме на располагање сите материјали на кампањата за граѓанин од Западен Балкан, кого очекуваме да земеме активно учество во кампањата.

СТАНИ ДЕЛ ОД КАМПАЊАТА “ОБЕДИНЕТ БАЛКАН ЗА ЖИВОТНА СРЕДИНА”

Кампањата „Обединет Балкан за чист воздух“ ни припаѓа на сите нас и е отворена за сите граѓански организации, неформални групи, граѓански движења и индивидуи кои сакаат да се приклучат на солидарна борба за чист воздух на Западен Балкан.

Станете дел од кампањата „Обединет Балкан за чист воздух“, бидејќи само со здружување на силите можеме да го подобриме квалитетот на воздухот во Западен Балкан. Запомнете, загадениот воздух не познава граници, религија, нација, пол или возраст.

Доколку сакате да станете дел одкампањата „Обединет Балкан за чист воздух“, пополнете ги вашите делтаи на еден од следните линкови