Овој серијал на постови е наменет да ги запознаете Амбасадорите на AirCare. Тие, со месечна донација од $5.99, помагаат апликацијата да продолжи да работи, а во исто време да правиме месечни хуманитарни акции со 50% од нивната донација!


Кој е Бојан?

Претприемач turned developer, сопруг и татко, обожавач на рок ен рол и екстремни спортови, длабоко се грижи за животната средина…

Што значи чист воздух за тебе?

Бојан Стојковски

Чист воздух за мене значи здрав и подолг животен век. Присуството на штетните материи во воздухот кој го дишеме е нешто кое што многу ме загрижува, ми ствара стрес и паника особено во зимскиот период.

Зошто стана AirCare Амбасадор?

Амбасадор станав затоа што верувам во моќта на свеста на народот. AirCare е она што е потребно за да се разбуди таа моќ па одлучив да го подржам тој проект од таа причина.

Амбасадор станав затоа што верувам во моќта на свеста на народот.

Доколку имаш една супермоќ, која би била таа?

Длабоко сум размислувал на оваа тема и дефинитивно е невидливост затоа што сметам дека со невидливост ќе сум непобедлив во секој поглед.


Сакаш да станеш и ти Амбасадор?

Отвори ја AirCare на твојот Android/iOS/Huawei телефон, и кликни на големото сино копче “Стани AirCare Амбасадор”!